ВУЧИЌ ПО РАЗГОВОРОТ СО СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ИСПРАТИ СИЛНА ПОРАКА Србија останува посветена на мирот и стабилноста

По телефонскиот разговор со македонската претседателка, српскиот лидер најави продлабочување на соработката и откри за што разговарале.

ВУЧИЌ ПО РАЗГОВОРОТ СО СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ИСПРАТИ СИЛНА ПОРАКА Србија останува посветена на мирот и стабилноста
Фото: Принтскрин

По телефонскиот разговор со претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, преку социјалните мрежи порача дека Србија останува цврсто посветена на зачувувањето на мирот, стабилноста и унапредувањето на соработката со Македонија.

„Содржајниот разговор со Гордана Силјановска-Давкова потврди дека постои волја меѓу нашите земји да продолжат да развиваат блиски и пријателски односи“, напиша Вучиќ.

Тој истакна дека во разговорот биле разменети мислења за важни регионални прашања, како и за можностите за понатамошно подобрување на билатералната соработка и зајакнување на врските во областите од заеднички интерес.

„Србија останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста и зајакнувањето на соработката со Македонија, убедена дека токму тоа е во најдобар интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион“, порача српскиот претседател.

CATEGORIES
Share This