БЕЗ ВОДА ВО КАРПОШ Дефект остави дел од Скопје со суви чешми

Без вода дел од улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓорѓов“ до завршување на санацијата.

БЕЗ ВОДА ВО КАРПОШ Дефект остави дел од Скопје со суви чешми
Фото: Национал

РЦУК – Скопје информира дека поради дефект на затворач со пречник Ф-150 милиметри на улицата „Народен Фронт“ број 21, денеска е прекинато водоснабдувањето за дел од населбата во општина Карпош.

Без вода останаа корисниците на дел од улицата „Народен Фронт“, на потегот од Домот на печат до улицата „Франклин Рузвелт“, како и дел од улицата „Васил Ѓорѓов“.

Прекинот започна во 08:30 часот, а од надлежните информираат дека водоснабдувањето ќе биде воспоставено веднаш по завршувањето на санацијата на дефектот.

Надлежните апелираат граѓаните од погодениот реон да имаат трпение додека екипите работат на отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.

CATEGORIES
Share This