ОТКРИЕНИ БРОЈКИ ШТО НИКОЈ НЕ ГИ ОЧЕКУВАШЕ За првпат повеќе луѓе бараат да го вратат македонското државјанство отколку да се откажат

Премиерот објави податоци од МВР кои, според него, се силен сигнал за промена на трендот – „Верувам во македонскиот потенцијал и во иднината на државата“.

ОТКРИЕНИ БРОЈКИ ШТО НИКОЈ НЕ ГИ ОЧЕКУВАШЕ За првпат повеќе луѓе бараат да го вратат македонското државјанство отколку да се откажат
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски изнесе, како што оцени, охрабрувачки податоци за состојбите во земјата, посочувајќи дека за првпат по долг временски период бројот на барања за поврат на македонското државјанство е поголем од бројот на барањата за откажување од него.

Во телевизиско гостување, Мицкоски рече дека бил информиран од Министерството за внатрешни работи за овој тренд, кој, според него, претставува позитивен сигнал.

„Во 2026 година досега имаме околу 672 барања за поврат на македонското државјанство, додека околу 318 лица поднеле барање за отпис. Ова е прва година по не знам колку време кога се случува ваков пресврт“, изјави премиерот.

Тој нагласи дека не може со сигурност да каже дали станува збор за случајност, но додаде дека силно верува во потенцијалот на македонските граѓани.

„Не би бил толку безнадежен. Верувам во македонскиот народ, во македонските граѓани и во потенцијалот што го имаме. Како универзитетски професор знам какви млади луѓе сме образувале и убеден сум дека можеме многу повеќе“, истакна Мицкоски.

Премиерот воедно оцени дека, и покрај позитивните показатели, постојат структури кои, според него, не сакаат државата да успее и шират дефетизам, но изрази уверување дека Македонија има капацитет за напредок и подобра иднина.

CATEGORIES
Share This