КРВАВ УДАР ВО ИРАН Нова вооружена група ја презеде одговорноста за смртоносниот напад
о нападот во Керманшах загинаа двајца, а двајца припадници на Иранската револуционерна гарда беа ранети. Одговорноста ја презеде новоформираната група „Сонце на надежта“.

Курдската организација за човекови права „Хенгав“, со седиште во Норвешка, соопшти дека новоформираната вооружена група „Сонце на надежта“ ја презела одговорноста за нападот во западната иранска покраина Керманшах, во кој загинаа двајца, а беа ранети уште двајца припадници на Иранската револуционерна гарда.
Според соопштението на организацијата, мета на нападот биле припадници на Револуционерната гарда, кои вооружената група ги обвинува за учество во задушувањето на протестите во курдските региони за време на движењето „Жени, живот, слобода“.
Ова движење се појави во 2022 година по смртта на 22-годишната Махса Амини, припадничка на курдското малцинство во Иран. Таа почина откако беше приведена од иранската полиција за морал поради наводно непочитување на строгите правила за облекување. Нејзината смрт предизвика масовни антивладини протести низ цел Иран, кои беа жестоко задушени од безбедносните сили.


