ШКЕНДИЈА Е НОВ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА Ја освоија по пети пат титулата

Со оваа победа, „црвено-црните“ математички ја осигураа титулата на две кола пред крајот на сезоната.

ШКЕНДИЈА Е НОВ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА Ја освоија по пети пат титулата

Фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово е новиот шампион на Македонија, откако во натпреварот од 32. коло ја совлада екипата на Работнички со резултат 2:1. Со оваа победа, „црвено-црните“ математички ја осигураа титулата на две кола пред крајот на сезоната.

Шкендија дојде до водство уште во 6. минута, кога Латифи ја затресе мрежата на скопскиот тим. Во 33. минута Тамба ја удвои предноста на тетовци, носејќи сигурност и контрола на играта во првото полувреме.

Во вториот дел, Работнички успеа да намали на 2:1 преку гол од пенал, кој го реализираше Далеј во 62. минута, но тоа беше недоволно за пресврт.

Ова е петта шампионска титула за Шкендија во историјата на клубот, по оние освоени во 2011, 2018, 2019 и 2021 година. Со триумфот во оваа сезона, тимот од Тетово повторно го зацврсти своето место на македонскиот фудбалски врв.

CATEGORIES
Share This