НЕМА ВЕЌЕ ПОПРАВЕН Вечерва стартува нокаут-фазата на Светското, еве кој прв ќе избори осминафинале
Со дуелот меѓу Канада и Јужна Африка во Лос Анџелес вечерва почнува елиминациската фаза на Светското првенство.

Иако рано утринава беше спуштена завесата на групната фаза од Светското фудбалско првенство што се одржува во САД, Канада и Мексико, возбудувањата продолжуваат веќе вечерва со почетокот на нокаут-рундадата.
Со натпреварот што ќе се одигра во Лос Анџелес ќе биде отворена 1/16-финалната фаза, во која повеќе нема простор за поправен испит.
Први на терен ќе излезат ко-домаќинот Канада и селекцијата на Јужна Африка. Канаѓаните до нокаут-фазата стигнаа како второпласирани во својата група, поради што вечерашниот натпревар ќе го играат на американско тло. Со својата офанзивна игра оставија добар впечаток во групната фаза, но сега ги очекува сериозен предизвик против мотивираниот и незгоден состав на Јужна Африка.
Кој ќе стане првиот патник во осминафиналето ќе биде познат по вечерашниот дуел, кој започнува во 21:00 часот.
Да потсетиме, со комплетирањето на последните два натпревари од групната фаза, познати се сите 32 репрезентации што обезбедија место во нокаут-фазата на Светското клупско првенство. Поголеми изненадувања немаше, бидејќи фаворитите во најголем дел ја оправдаа својата улога и сигурно се пласираа меѓу најдобрите.
Во осминафиналето ќе настапат 13 европски селекции, девет африкански, пет јужноамерикански, три репрезентации од Северна и Централна Америка, меѓу кои и ко-домаќините на турнирот, како и две азиски селекции.
Во оваа фаза ќе има и две пресметки меѓу европски репрезентации. Најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Хрватска и Португалија, кој ќе се одигра на 3 јули во Торонто. Вториот европски судир е закажан за 30 јуни во Њу Џерси, каде актуелниот вицешампион Франција ќе се соочи со Шведска.



