БОГАТИТЕ БЕГААТ ВО ШПАНИЈА Луксузни вили се купуваат како засолниште од кризите

Полјаци, Американци и други инвеститори масовно купуваат луксузни имоти во Шпанија, барајќи сигурност во време на глобална нестабилност.

БОГАТИТЕ БЕГААТ ВО ШПАНИЈА Луксузни вили се купуваат како засолниште од кризите
Фото: Принтскрин

Полјаци, Американци и други инвеститори сè повеќе купуваат луксузни имоти во Мадрид и на Коста дел Сол, барајќи сигурно вложување и засолниште од глобалната нестабилност, војните и политичките превирања.

Странските купувачи минатата година учествувале со над 39% од продажбите во најатрактивните туристички региони на Шпанија. Особено се зголемил интересот од Полска по војната во Украина, додека американските инвестиции на Коста дел Сол скокнале од 0,5% на 6,2% од трансакциите.

Растечката побарувачка ги зголеми цените на луксузните имоти, кои во Шпанија растат и до 9,5% годишно, побрзо од многу други европски пазари.

CATEGORIES
Share This