ТРГНАВТЕ ОД КОЛОСЕК Поранешен аналитичар на ЦИА откри зошто мирот во Украина станува сè подалечен

Лари Џонсон тврди дека разговорите меѓу Вашингтон и Москва се во застој и дека шансите за дипломатско решение се минимални.

ТРГНАВТЕ ОД КОЛОСЕК Поранешен аналитичар на ЦИА откри зошто мирот во Украина станува сè подалечен
Фото: Принтскрин

Шансите за дипломатско завршување на конфликтот во Украина се значително намалени откако САД, според поранешниот аналитичар на ЦИА Лари Џонсон, отстапиле од првичниот курс во преговорите со Русија.

Џонсон во интервју на „Јутјуб“ оцени дека Москва ја гледа ситуацијата како директна закана, споредувајќи ја со хипотетички случај во кој голем нарко-картел би добивал беспилотни летала, ракети и разузнавачка поддршка од Русија и Кина за напади врз американска територија.

„Доколку такво нешто се случуваше на јужната граница на САД, Вашингтон тоа не би го третирал како обичен граничен инцидент, туку како воен предизвик“ – изјави Џонсон.

Тој смета дека разговорите меѓу Вашингтон и Москва моментално се наоѓаат во фаза на стагнација и дека дипломатскиот излез од кризата станува сè потежок.

Изјавите доаѓаат откако американскиот државен секретар Марко Рубио пред Конгресот порача дека САД не можат да се сметаат за целосно неутрален посредник во украинскиот конфликт, бидејќи отворено го поддржуваат Киев.

Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е изненадена од таквите пораки од Вашингтон. Тој потсети дека претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, според него, постигнале договори за насоката во која треба да се движи процесот за решавање на украинската криза.

ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ НА АЛЈАСКА Лавров тврди дека има договор, Рубио возвраќа нема никаков договор

CATEGORIES
TAGS
Share This