НОВ ПОТРЕС ЈА ПОГОДИ ВЕНЕЦУЕЛА Трае потрагата по исчезнати лица
Потресот бил регистриран на длабочина од 10 километри, со епицентар на 86 километри северозападно од Каракас.

Северниот брег на Венецуела повторно беше погоден од земјотрес. Потрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во петокот попладне по локално време, со епицентар на околу 86 километри северозападно од главниот град Каракас, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Според сеизмолозите, земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри.
Новиот потрес доаѓа само неколку дена по разорните земјотреси кои ја погодија земјата во ноќта меѓу среда и четврток, со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните официјални информации, во катастрофата животот го загубиле најмалку 920 лица, додека околу 3.360 биле повредени. Властите дополнително соопштија дека околу 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.
Стравувањата од нови потреси и натамошни последици продолжуваат, додека спасувачките екипи остануваат на терен.
СЕКОЈА МИНУТА НОВИ ПРИЈАВИ Повеќе од 26.000 имиња на списокот на исчезнати по катастрофата


