ЗЕЛЕНСКИ СО ПОРАКА ДО МОСКВА КОЈА ОДЕКНА Ние ја докажавме силата, сега сте вие на потег
Украинскиот претседател порача дека Киев е подготвен за разговори на лидерско ниво, но очекува Москва да покаже подготвеност за мир.

Украина е подготвена за можни разговори на највисоко политичко ниво со Русија со цел да се најде решение за завршување на војната, но за тоа е потребна и волја од Москва, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во видео обраќање, Зеленски посочи дека Киев веќе доставил предлози до своите клучни партнери и дека верува оти е можно да се постигне крај на конфликтот, но нагласи дека Русија мора да преземе конкретен чекор кон мирот.
„Украинските војници секој ден ја покажуваат силата и прецизноста на Украина“, порача Зеленски.
Тој додава дека земјата ја докажала својата способност да се брани.
Украинскиот претседател исто така одобрил 40-дневна операција на Безбедносната служба на Украина, чија цел, според него, е да се изврши влијание врз Русија за да се согласи на завршување на војната.


