НОЌЕН ПОЖАР ВО БУТЕЛ Запалени две возила, едното на познат адвокат, полицијата трага по сторителот

Во пожарот биле опожарени „пасат“ и „мерцедес“, а сопствениците засега немаат информации кој стои зад случајот.

НОЌЕН ПОЖАР ВО БУТЕЛ Запалени две возила, едното на познат адвокат, полицијата трага по сторителот
Фото: Принтскрин

Две патнички возила биле опожарени во раните утрински часови на 25 јуни во скопската населба Бутел. Меѓу уништените автомобили е и возило во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 02:20 часот во СВР Скопје. Во пожарот биле зафатени автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 42-годишниот А.А. од Скопје, и „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 37-годишниот М.М. од Скопје.

На местото на настанот извршен бил увид од екипа на СВР Скопје, а полицијата презема активности за утврдување на причините за пожарот и откривање на евентуалниот сторител.

Сопствениците на возилата засега немаат информации кој би можел да стои зад инцидентот.

CATEGORIES
Share This