БУГАРИЈА СО ПРЕСВРТ Не сме испратиле дипломатска нота за семејството на Мицкоски
Од Софија велат дека документот што се споменува во јавноста е вербална нота од јануари и се однесува на веќе завршени настани.

Бугарското Министерство за надворешни работи ги отфрли тврдењата дека испратило дипломатска нота поврзана со посетата на семејството на македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Бугарија.
Во официјално соопштение, Министерството нагласува дека не било дистрибуирано никакво дипломатско писмо или друга официјална кореспонденција што се однесува на престојот на членови на семејството на висок претставник од друга држава.
„Министерството за надворешни работи не дистрибуирало дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членови на семејството на официјален претставник на друга земја“, наведуваат од бугарската дипломатија.
Оттаму појаснуваат дека информациите што деновиве се појавија во јавноста се однесуваат на вербална нота испратена на 6 јануари 2026 година и се поврзани со настани кои веќе се завршени.
Според Министерството, овие информации не можат да се толкуваат како показател за непосредна безбедносна закана ниту за бугарските граѓани ниту за државјани на други земји.
Во соопштението дополнително се нагласува дека бугарското МНР придава особено значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и доследно ги почитува меѓународните правила и практики во оваа област.
МУЦУНСКИ УДРИ ДО СОФИЈА Јас ќе се извинев, ова не се прави ниту во војна


