ЗЛАТНАТА КУПОЛА НА ПЕНТАГОН Новата технологија гледа, следи и уништува закани
Пентагон соопшти дека новата технологија успешно открила, следела и неутрализирала повеќе симулирани воздушни закани.

Првиот тест на новиот американски противвоздушен и противракетен систем „Златна купола“ заврши успешно, соопшти шефот на Пентагон, Питер Хегсет.
Според неговите информации, тестирањето вклучувало напредни технологии за насочена енергија, при што системот за динамична одбрана од автономни порази (DDAD) успеал да открие, следи и неутрализира повеќе симулирани закани.
Хегсет наведе дека во тестовите учествувале американски воени единици кои работеле заедно со технологии од нова генерација наменети за пресретнување на беспилотни летала и крстосувачки ракети.
„Во развојот на системот учествуваат и традиционални и нови компании од одбранбениот сектор, а проектот има силна поддршка од администрацијата на претседателот Доналд Трамп“, напиша Хегсет на платформата „Икс“.
Тој оцени дека успешното тестирање претставува важен чекор во создавањето на нов национален систем за противвоздушна и противракетна одбрана. Според него, проектот се надоврзува на идејата за стратешка одбрана што ја започна американскиот претседател Роналд Реган во 1980-тите години.
„Со „Златната купола“, Министерството за одбрана ќе ја заштити нашата татковина посилно од кога било досега. Системот е реален, моќен и се развива според планираната динамика“, порача Хегсет.


