ШТО ПОДГОТВУВА БРИСЕЛ Урсула фон дер Лајен доаѓа во Ерменија на 1 јули

Урсула фон дер Лајен следната недела патува во Ерменија, во период на засилени односи меѓу ЕУ и земјите од Јужен Кавказ.

ШТО ПОДГОТВУВА БРИСЕЛ Урсула фон дер Лајен доаѓа во Ерменија на 1 јули
Фото: Принтскрин

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 1 јули ќе престојува во официјална посета на Ерменија, објави „Политико“, повикувајќи се на извори запознаени со подготовките за посетата.

Според информациите на медиумот, фон дер Лајен следната недела ќе отпатува во Ереван, што се оценува како уште еден сигнал за продлабочување на односите меѓу Европската Унија и Ерменија.

„Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се подготвува да патува во Ерменија следната недела“, наведува „Политико“, цитирајќи три извори информирани за плановите.

Во меѓувреме, истиот медиум неодамна објави дека фон дер Лајен нема намера да се кандидира за трет мандат на чело на Европската комисија во 2029 година. Според двајца високи европски функционери, таа планира да се повлече од функцијата по завршувањето на актуелниот мандат, кога ќе има 70 години.

Да постетиме, вчера, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ијзави дека антируската реторика во дел од ерменските медиуми продолжува.

Во интервју за РИА Новости, таа оцени дека Русија во одредени медиумски кругови во Ерменија се прикажува како „речиси најголем непријател на ерменската државност“, додавајќи дека ваквите пораки особено се засилиле за време на изборната кампања.

Захарова истакна и дека земјите-членки на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) – Русија, Белорусија, Казахстан и Киргистан очекуваат Ерменија во најкус можен рок да ја разјасни својата стратешка определба и да одлучи дали ќе остане посветена на интеграцијата во ЕАЕУ или ќе го продолжи приближувањето кон Европската Унија.

Изјавите доаѓаат во период на зголемени тензии меѓу Москва и Ереван и сè почести дебати за надворешнополитичката насока на Ерменија.

CATEGORIES
Share This