НЕВИДЕН ПОТЕГ ВО УНГАРСКАТА ПОЛИТИКА Премиерот почна постапка за смена на претседателот

Маѓар најави уставни измени, антикорупциска офанзива и формирање нова канцеларија за враќање на незаконски стекнатите средства.

НЕВИДЕН ПОТЕГ ВО УНГАРСКАТА ПОЛИТИКА Премиерот почна постапка за смена на претседателот
Фото: Принтскрин

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес соопшти дека неговата влада ќе започне постапка за отстранување на претседателот Тамаш Суљок преку уставни измени.

Говорејќи пред унгарскиот парламент, Маѓар најави серија економски, политички и правни реформи насочени кон, како што рече, справување со корупцијата и зајакнување на владеењето на правото во земјата.

Во рамки на најавените мерки, владата планира да формира и Национална канцеларија за заштита и враќање на средствата, институција која ќе биде задолжена за откривање и враќање на незаконски стекнат имот.

Според информациите објавени од Ројтерс, постапката за разрешување на претседателот ќе се спроведува преку уставен амандман, а деталите за иницијативата се очекува дополнително да бидат презентирани во наредниот период.

НОВАТА ВЛАСТ ТРГНА ВО ДИРЕКТЕН СУДИР СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ – Мора да си одите

CATEGORIES
Share This