АЛМИРОН ИСПИША ИСТОРИЈА Прв фудбалер казнет според новото правило на ФИФА
Парагваецот доби директен црвен картон по интервенција на ВАР, откако судијата процени дека го прекршил новото правило на ФИФА.

Фото: Принтскрин
Парагвајскиот репрезентативец Мигел Алмирон стана првиот фудбалер кој ја почувствува строгоста на новото правило на ФИФА, познато како „Лекс Винисиус“ или „Законот на Винисиус“.
Алмирон доби директен црвен картон на дуелот против Турција, откако судијата Бартон од Ел Салвадор, по преглед на ВАР-снимката, одлучи да го исклучи играчот. Причината била неговиот гест при разговорот со Мерт Мулдур – Алмирон ја покрил устата додека зборувал.
Новата регулатива има за цел најстрого да ги санкционира ваквите ситуации, откако во минатото фудбалерите често се соочуваа со вербални конфликти, навреди и провокации на теренот.
ФИФА со ова правило сака да спречи несоодветна комуникација меѓу играчите и да воведе поголема дисциплина во фудбалот.
CATEGORIES Фудбал


