Македонски филм направи бум во Шангај Салата не престануваше да аплаудира

Филмот беше прикажан пред преполна сала на 28. Шангајски интернационален филмски фестивал.

Македонски филм направи бум во Шангај  Салата не престануваше да аплаудира
Фото: Принтскрин

На 14 јуни 2026 година, во рамките на 28. Шангајски интернационален филмски фестивал, во Филм Арт Центар во Шангај се одржа светската премиера на филмот „Руини“. Проекцијата беше пред преполна сала и беше проследена со разговор со публиката, која со голем интерес ги сподели своите впечатоци.

По прикажувањето, авторскиот тим оствари средба со посетителите, кои ги поздравија со долготраен аплауз, а интересот за фотографирање и автограми беше исклучително голем.

Филмот е во режија на Елена Чемерска, а продуценти се Иван Унковски, Ивана Шекуткоска и самата Чемерска. Копродуценти се Оливер Сертиќ и Ивана Нацева, додека извршен продуцент е Атанас Георгиев.

Кинематографијата ја потпишуваат Ѓорѓи Клинчаров и Марина Колоска, монтажата е на Владимир Гојун и Горјан Атанасов, а музиката е дело на Игор Василев – Новоградска. Дизајнот на звук го изработи Лука Гамулин.

Филмот е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC), РТВ Словенија, како и во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Хартефакт Фонд.

„Руини“ е копродукција меѓу Синема Футура и Минимал Колектив од Македонија, Рестарт од Хрватска и Потем од Словенија, во соработка со Filmtrick.

CATEGORIES
Share This