ВОНРЕДНА РЕАКЦИЈА НА ВЛАДАТА Опожарени дипломатски возила кај бугарската амбасада
Владата најостро го осуди опожарувањето на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија во Скопје и најави брза истрага, откривање на сторителите и кривична одговорност.

Владата најостро го осуди опожарувањето на возила со дипломатски таблички во близина на Амбасадата на Бугарија во Скопје, оценувајќи го инцидентот како недозволив вандалски чин и напад врз безбедноста и дипломатските односи.
Во соопштението се наведува дека ваквите постапки се спротивни на принципите на меѓународното право и немаат место во демократско општество. Од Владата информираат дека надлежните институции веќе работат на целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителите.
„Секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде најстрого санкциониран“, порачуваат од Владата.
Оттаму нагласуваат дека државата располага со капацитет да одговори на ваквите предизвици и нема да дозволи поединци да го нарушуваат угледот на Македонија. Се очекува брза и ефикасна истрага, целосно расветлување на настанот и соодветна кривична одговорност за виновниците.
Воедно, Владата ја потврдува својата посветеност на заштитата на граѓаните и дипломатските мисии во земјата, како и на зачувувањето на стабилноста, безбедноста и добрососедските односи.


