ВО СРЕДА ГОЛЕМ ПРЕКИН НА СТРУЈА ВО СТРУМИЧКО Повеќе села без електрична енергија цел ден

Погодени домаќинства, индустриски објекти и водоводни системи.

ВО СРЕДА ГОЛЕМ ПРЕКИН НА СТРУЈА ВО СТРУМИЧКО Повеќе села без електрична енергија цел ден
Фото: Принтскрин

Од ЕВН Македонија информираат дека во среда, 17 јуни, поради изведување на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија, ќе има прекини во електроснабдувањето во повеќе населени места во струмичкиот регион.

Првиот прекин е предвиден во периодот од 06:10 до 07:30 часот, при што без електрична енергија ќе останат населените места Штука, Дражево, Зубово, Барбарево, Иловица, Смолари, Секирник, Турново, Мокриево, Сушица, Мокрино, Старо Коњарево, Самоилово, граничниот премин „Ново Село“, Ново Село со индустриските објекти, Ново Коњарево, Стиник и Бајково.

Вториот прекин ќе трае осум часа, од 07:30 до 15:30 часот. Во овој период без електрична енергија ќе бидат Ново Коњарево – водоводот, „Грин Солар Југ“ во Смолари, граничниот премин „Ново Село“, Агино Село (граничен премин), комплексот „Лебедово Езеро“ кај Смолари, Бајково, Дражево, Ново Коњарево, дел од Ново Село – домаќинствата и индустриските објекти од Пекара кон граничниот премин, Самоилово, Фотопарк Смолари, Кланицата во Ново Село, „Рико Градба“, Смолари, Старо Коњарево и Дражево.

Од ЕВН Македонија посочуваат дека прекините се дел од планираните активности за подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија.

CATEGORIES
Share This