МУНДИЈАЛ ПОЛН СО ИЗНЕНАДУВАЊА Шведска убедлива, Дијало херој, Јапонија не се предаде
Групите се целосно отворени по првото коло, борбата за нокаут-фаза се вжештува.

Шведска имаше импресивен старт на Светското првенство, совладувајќи го Тунис со убедливи 5-1 и испраќајќи силна порака уште во првото коло.
Швеѓаните го отворија резултатот рано, во 7. минута преку Ајари, а во 30. минута Исак ја зголеми предноста на 2-0. Тунис успеа да се врати во игра пред паузата, кога Рекик погоди за 2-1 и внесе неизвесност.
Сепак, второто полувреме целосно им припадна на Швеѓаните. Ѓокереш во 60. минута зголеми на 3-1, Сванберг во 84. минута практично го реши победникот, а Ајари во судиското продолжение го постигна својот втор гол за конечни 5-1.
Во другиот натпревар, Брегот на Слоновата Коска минимално го совлада Еквадор со 1-0. Кога изгледаше дека мечот ќе заврши без голови, Дијало во 90. минута се појави како херој и ѝ донесе три бода на африканската селекција.
Најмногу возбудувања понуди дуелот меѓу Холандија и Јапонија, кој заврши 2-2.
По мирно прво полувреме без голови, Холандија поведе во 51. минута преку Ван Дајк по асистенција на Гравенберх. Јапонија брзо возврати, а само шест минути подоцна Накамура израмни на 1-1.
Холанѓаните повторно дојдоа до водство во 68. минута, кога Самервил погоди по уште една асистенција од расположен Гравенберх. Сепак, Јапонија не се предаде и во 89. минута Камада постигна гол за 2-2 и заслужен бод.
По првото коло во групата Ф, ситуацијата останува целосно отворена и борбата за пласман во нокаут-фазата допрва се очекува да се заостри.
МУНДИЈАЛОТ ИЗНЕНАДУВА Фаворити паѓаат, драма во 94. минута и сензации на сите страни


