ВАР ДОБИВА МОЌ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА Судиите ќе можат да менуваат сè

Новите правила целат кон побрза игра, помалку одложувања и поголема фер-плеј контрола.

ВАР ДОБИВА МОЌ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА Судиите ќе можат да менуваат сè
Фото: Принтскрин

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB) усвои серија значајни измени на Правилата на играта, кои почнаа да се применуваат од Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада, а целосно ќе важат од сезоната 2026/27. Според ФИФА, промените имаат цел да ја забрзаат играта, да го намалат губењето време, да се подобри фер-плејот и да се зајакне борбата против дискриминацијата.

Една од најстрогите новини е воведување црвен картон за играч кој ќе ја покрива устата со рака, дрес или подлактица за време на комуникација во конфликтни ситуации, поради ризик од скриено навредливо однесување. Исклучок ќе има кога станува збор за нормална комуникација меѓу играчи.

Дополнително, играч кој ќе го напушти теренот во знак на протест против судиска одлука ќе биде санкциониран со црвен картон, а истата казна ќе важи и за стручниот штаб што ќе поттикнува такво однесување. Екипа што го напушта теренот и предизвикува прекин автоматски ќе го загуби натпреварот.

ВАР системот добива проширени овластувања и ќе може да интервенира во случаи на погрешен втор жолт картон, погрешен идентитет на играч и очигледни грешки при доделување корнери. Исто така, ќе може да се коригираат одлуки ако има прекршок пред прекин на играта.

Со новите правила се ограничува и користењето на паузи за повреди како тактичко одложување. Се воведува и контрола на времето за напуштање на терен при замени, како и правило за задолжително напуштање на терен по укажана медицинска помош, со одредени исклучоци (голмани, тешки повреди, удари во глава и слично).

За забрзување на играта, се воведува и визуелно одбројување од пет секунди за аути и гол-аут, при што непочитување ќе резултира со промена на поседот.

На сите натпревари на Мундијалот ќе има и задолжителни три минутни паузи за хидратација во секое полувреме, околу средината на полувремето, со можност судиите да го прилагодат моментот според текот на играта.

CATEGORIES
Share This