ТРГНУВАТЕ НА ПАТ Еве каде ве чекаат застои и изменет сообраќаен режим

Без подолги задржувања на граничните премини, но возачите се предупредуваат на можни одрони и ограничувања поради санации на патишта и мостови.

ТРГНУВАТЕ НА ПАТ Еве каде ве чекаат застои и изменет сообраќаен режим
Фото: Национал

Денеска (09.06) сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено по суви коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците низ клисури, речни долини и котлини каде постои опасност од одрони. Најризични се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица од 15 април е повторно отворен за сите возила со маса до 3,5 тони.

Во меѓувреме, на повеќе патни правци низ државата се изведуваат градежни активности и санации на мостови и свлечишта, поради што е воведен времен режим на сообраќај. Работи се изведуваат на автопатот А2 на делницата Гостивар – Стража, на мостовите кај Желино, на автопатот Смоквица – Гевгелија, на скопската обиколница меѓу Волково и Кондово, како и на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост.

Поради изградбата на Коридорот 10Д, во сила е и времен режим на сообраќај на патниот правец Прилеп – Битола, при што движењето на возилата се пренасочува по регионалниот пат од клучката Лагово до Тополчани.

Возачите се повикуваат да ја следат поставената сигнализација и навремено да се информираат за состојбата на патиштата пред поаѓање.

CATEGORIES
Share This