ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Делови од Бутел и Кисела Вода

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, ЕВН најавува повеќечасовни прекини во снабдувањето со електрична енергија во две скопски општини.

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Делови од Бутел и Кисела Вода
Фото: Принтскрин

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Бутел и Кисела Вода.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Приштинска“, „Призренска“, „Марко Крале“, „Љубо Петровиќ“ и „Бутелска“ во општина Бутел.

Од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“, поточно зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и други објекти, како и дел од корисниците на улицата „Михаил Чаков“ во општина Кисела Вода.

CATEGORIES
Share This