СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Без подолги задржувања на граничните премини

Повеќе активни градилишта на А1, А2 и регионалните патишта со важечки времени режими.

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Без подолги задржувања на граничните премини
Фото: Национал

Според најновите информации од АМСМ, сообраќајот денеска, 8 јуни, на сите државни патишта во Македонија се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од урбаните средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците каде постои опасност од одрони.

Зголемена внимателност се препорачува на патните правци:

  • Катланово – Велес,
  • Маврово – Дебар – Струга,
  • Виница – Берово,
  • Кочани – Делчево.

Во меѓувреме, од 15 април за сообраќај повторно е отворен патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица за сите возила со тежина до 3,5 тони.

Во тек се повеќе градежни активности на државните патишта

На неколку патни правци низ државата продолжуваат градежни работи и важат времени режими на сообраќај.

На автопатот А2, на делницата Гостивар – Стража, се изведува санација на мостовите „Вијадукт на Атанасова Река“ и „Вијадукт на Дол“, поради што е воведен времен режим на сообраќај кој ќе остане во сила до завршување на работите.

Продолжува и санацијата на мостовите на реката Вардар кај селото Желино на автопатот А2, во двата правци Скопје – Желино и Желино – Скопје, каде сообраќајот се одвива согласно привремената сообраќајна сигнализација.

На автопатот А1 „Пријателство“, на делницата Смоквица – Гевгелија, се реализира проект за изведба на премин на интерконективен гасовод, поради што е воспоставен времен режим на сообраќај.

На скопската обиколница, на државниот пат А2, се врши рехабилитација на делница долга околу 250 метри меѓу клучките Волково и Кондово. Левата лента за претекнување е затворена, а сообраќајот се одвива по средната и десната лента.

Во тек е и санација на свлечиште на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост, каде што важи времена измена на режимот на сообраќај до завршување на градежните активности.

Поради изградбата на Коридорот 10Д, продолжува да важи и времен режим на сообраќај на патниот правец Прилеп – Битола. Возилата се пренасочуваат по регионалниот пат на потегот од клучката Лагово до Тополчани.

CATEGORIES
Share This