СОНЧЕВО ДО ПЛАДНЕ, ПОТОА ПРЕСВРТ Дожд, грмежи и можен град во делови од Македонија

Температурите до 34 степени, а попладне се очекува нестабилно време со поројни врнежи и засилен ветер на повеќе локации.

СОНЧЕВО ДО ПЛАДНЕ, ПОТОА ПРЕСВРТ Дожд, грмежи и можен град во делови од Македонија
Фото: Национал

По сончевото и топло претпладне, попладнево делови од Македонија ги очекува нестабилно време со дожд, грмежи и можност за појава на град.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска (8 јуни) времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат во интервал од 11 до 34 степени.

Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Метеоролозите предупредуваат дека на поединечни места се можни услови за изолирано невреме со појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во делови од котлината попладне се можни краткотрајни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер поради локална нестабилност на атмосферата.

CATEGORIES
Share This