ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

Политички преглед на денот, недела, 07 јуни 2026 година.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Фото: Национал

Политички преглед на денот, недела 07 јуни 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче не сакаат Македонија да успее, затоа повеќе од Бугарија бараат уставни измени и им смета секој меѓународен напредок и дипломатски успех

СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава. СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси. Тоа му предизвикува голема нервоза на Филипче, продолжената рака на Зоран Заев кој е познат по најголемите национални предавства, па сака да го надмине неговиот ментор, па секој ден бара уставни измени и со тоа и редефинирање на историјата.

Само во една недела Македонија доби признание за двегодишната посветена работа на Владата и силна потврда за правилната насока во која се движи државата.

Прво, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, од Скопје испрати јасна порака дека државата има видлив напредок во исполнувањето на Реформската агенда, па потоа следеше изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година. Ова се случува прв пат од независноста на Македонија и е сериозен дипломатски успех што претставува доверба, препознаен капацитет и меѓународна потврда за државата.

Паралелно со тоа, се усвои нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој испраќа важна порака дека државата останува јасно препознаена како европска држава која е посветена на реформите, регионалната стабилност и партнерството со ЕУ и НАТО. А, тука не смее да го заборавиме и завршувањето на пост-мониторингот процесот со Советот на Европа, со што се потврдува дека Македонија ги исполнува сите демократски капацитети.

Голема и јасна е разликата меѓу СДС на Заев и Филипче и ВМРО-ДПМНЕ. Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт е држава која гради партнерства, добива доверба и испорачува резултати, за разлика од СДС и Филипче кои спроведуваат туѓа агенда. Додека владата ја позиционира Македонија како достоинствена и почитувана европска држава, Филипче е спремен на се само некој да го донесе на власт, па затоа повеќе дури и од Бугарија, бара уставни измени.

Државата оди напред, достоинствено се претставува и се развива, само на СДС и Филипче, кои не сакаат државата да успее, тоа им смета.

СДСМ: Филипче од Конгресот: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМ

Денес пред нас стои првиот Конгрес на новата одговорност, денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“. Во обраќањето, Филипче посочи дека целта на овој Конгрес не е да биде само свечено усвојување на нова идеолошка платформа, туку враќање на СДСМ кон суштината на социјалдемократијата.

„Денес сме собрани не само за да изгласаме документ. Туку да одлучиме дали СДСМ ќе стане тоа што отсекогаш требало да биде: совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек и политичка храброст во моменти кога таа е најпотребна. Денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет. Тој завет почнува од трудот. Од работникот што станува рано, а легнува со страв. Од жената што работи две смени секој ден, едната за плата, другата дома без никакво признание. Од младиот човек што учи, дипломира и пак не знае каде ќе заврши додека мечтае да отпатува во еден правец. Од земјоделецот што ја знае цената на секоја капка пот, а не ја знае цената по која ќе му го откупат родот. Од малиот стопанственик што плаќа сè додека големите бизниси наоѓаат дупки во системот. Од пензионерот што не бара луксуз, туку едноставно сака мир“, рече Филипче.

Во воведното обраќање пред членовите на СДСМ и коалицијата, пред сестринските социјалдемократски и прогресивни партии од Европа и регионот, и пред другите присутни гости, Филипче порача дека вистинската социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот на граѓаните.

„По висината на платата, по правото на лекување, по квалитетот на училиштето, по достоинството на пензионерот, по сигурноста на работникот, по шансата на младиот човек да остане дома не од инает, туку од надеж. Таа не верува во милостина, туку во праведност. Социјалдемократијата значи траен систем што му овозможува на секој чесен човек да живее од својот труд. Тоа е и духот во кој европските социјалдемократски партии ги дефинираат своите вредности: демократија, слобода, еднаквост, солидарност и правда“, рече Филипче.

Тој додаде дека Социјалдемократијата никогаш не била само партиска боја, ниту изборен украс, ниту пак збор што убаво звучи во кампања. Социјалдемократијата е длабоко човечка идеја.

„Таа почнува од едно едноставно, но големо убедување: дека државата не постои за силните да станат уште посилни, туку за послабите да не останат сами. Дека слободата без еднаква шанса е привилегија. Дека пазарот без правила станува џунгла. Дека профитот без одговорност станува алчност. Дека патриотизмот без грижа за обичниот човек е само мачкање очи“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Единствена Македонија до Филипче – Правиш голема грешка, на Конгресот заборави на најважното

Единствена Македонија како сериозна и одговорна партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, внимателно го следеше денешниот конгресен говор на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Од партијата изразуваат жалење што на овој значаен партиски настан Филипче не упатил повик, ниту пак посветил внимание на потребата од донесување заеднички национален документ на сите македонски партии, кој би ги дефинирал виталните национални интереси и во кои никој нема да чепка без оглед кој победува на избори.

Во говорот, според нив, Филипче се осврнал на повеќе теми – животниот стандард, здравството, образованието, младите, платите, квалитетот на институциите и социјалната правда. Партијата оценува дека сето тоа е добро, ваквите теми за подобар живот на граѓаните се важни.

Сепак, во услови, како што наведуваат, државата и нацијата се соочуваат со силни предизвици и негаторски политики однадвор, сметаат дека приоритет треба да биде нивната заштита а сето останато за кое зборува Филипче е лесно да се направи. Патем,  економската наука ги изнајде механизмите како се прави држава со убав стандард, треба само чесни политичари со силна национална и патриотска определба.

Тие додhttps://nacionalno.mk/dnevna-doza-politika-shto-ob-avi-a-denes-vmro-dpmne-sdsm-i-edinstvena-makedoni-a-8/аваат дека за жал, на Конгресот, Филипче прави голема грешка кога заборавил на простата вистина: ако се урне државата сите ќе не затрупа во неа и на кого, тогаш, ќе биде убавиот стандард за кој зборува Филипче?

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

CATEGORIES
Share This