(ВИДЕО) СВИРЕЖИ И ВРИСКАЊЕ Новиот унгарски премиер доживеа јавен дебакл пред илјадници граѓани

Бурна реакција на граѓаните при првото јавно обраќање на новиот премиер.

(ВИДЕО) СВИРЕЖИ И ВРИСКАЊЕ Новиот унгарски премиер доживеа јавен дебакл пред илјадници граѓани
Фото: Принтскрин

Новиот унгарски премиер, Петар Маѓар, се соочил со сериозни непријатности при неодамнешно јавно обраќање пред граѓаните во Будимпешта.

Кога се појавил на балконот за да се обрати и да даде официјална изјава, присутните граѓани реагирале бурно. Наместо поддршка и аплауз, тој бил пречекан со силни свирежи, негодување и навредливи извици, што довело до прекин на неговиот говор.

Според извештаите, атмосферата пред зградата брзо се вжештила, а насобраните изразиле незадоволство и разочарување од новата влада. Протестот наводно бил поврзан со договорот меѓу унгарската влада и Европската комисија за спроведување на Пактот за миграција и азил на Европската Унија.

Во рамки на истиот политички контекст се споменува и договор за соработка со Европската комисија, кој би можел да влијае врз деблокада на европски средства за Унгарија.

Настанот предизвика бројни реакции и дебати во јавноста и на социјалните мрежи за стабилноста на новата влада и нејзината поддршка меѓу граѓаните.

CATEGORIES
TAGS
Share This