ОД 6 ДО 11 МАЈ НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА Пороен дожд, силен ветер и град во наредните денови

Високите температури во овие денови ќе доведат до загревање на атмосферата, што ќе создаде поволни услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења, а понекаде и со град.

ОД 6 ДО 11 МАЈ НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА Пороен дожд, силен ветер и град во наредните денови

Од вторник, 6 мај, па најмалку до недела, 11 мај, Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која значително ќе ја дестабилизира атмосферата во земјата. Оваа ситуација ќе услови формирање на локални конвективни облачни јадра, кои ќе предизвикаат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Високите температури во овие денови ќе доведат до загревање на атмосферата, што ќе создаде поволни услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења, а понекаде и со град. Скопскиот регион, исто така, ќе биде подложен на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во истиот период, а не е исклучена и појава на краткотрајно невреме.

Температурите постепено ќе опаѓаат, што значи дека во текот на неделата ќе настапи период на значително пониски температури, кои ќе бидат потпросечни за мај.

Стручњаците апелираат дека во текот на овој период, во случај на појава на невреме и електрични празнења, граѓаните треба да избегнуваат престој на отворен простор и под осамени дрвја. Дополнително, при појава на силен ветер, возачите се советуваат да ги заштитат своите возила и да избегнуваат паркирање под дрвја, сугерира метео прогнозерот Славчо Поповски.

CATEGORIES
Share This