ПАДНАА АПСЕЊА ЗА ТЕНДЕР ВО ЦАРИНА Уапсен поранешен директор на Царина и висок функционер на СДСМ

Четири лица се приведени во акција на Финансиската полиција и Обвинителството поради сомнежи за злоупотреби во тендерска постапка во Царината.

ПАДНАА АПСЕЊА ЗА ТЕНДЕР ВО ЦАРИНА Уапсен поранешен директор на Царина и висок функционер на СДСМ
Фото: Принтскрин

Финансиската полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во рамки на истрага за сомнежи за злоупотреби при јавни набавки во Управата за царинско работење, при што се приведени четири лица.

Меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, поранешен потпретседател на СДСМ и екс-градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Според првичните информации, осомничените се товарат за злоупотреба на службената положба, финансиски малверзации и незаконитости поврзани со постапка за јавна набавка.

Од Управата за финансиска полиција и од Обвинителството засега не соопштуваат повеќе детали за случајот, но се очекува во текот на денот да биде објавено официјално соопштение.

Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата. Според информациите, постојат основи на сомнение дека службени лица и други инволвирани лица ја искористиле својата службена положба, влијание и углед со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери.

Истрагата е во тек, а надлежните институции најавуваат дополнителни информации по завршувањето на процесните дејствија.

CATEGORIES
TAGS
Share This