ЕСКАЛАЦИЈА НА ФРОНТОТ Русија објави масовни напади врз повеќе украински региони

Употребени биле ракети со долг дострел, вклучително и хиперсонично оружје.

ЕСКАЛАЦИЈА НА ФРОНТОТ Русија објави масовни напади врз повеќе украински региони
Фото: Принтскрин

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека во текот на ноќта извршило масовен напад како одговор на, како што ги нарекува, „терористичките напади во Киев“, насочен кон објекти на украинската одбранбена индустрија.

Во соопштението се наведува дека руските вооружени сили употребиле прецизно оружје со долг дострел од воздух, копно и море, вклучително и хиперсонични аеробалистички ракети и беспилотни летала, при нападите врз претпријатија од одбранбениот сектор.

Според истите информации, погодени биле цели во Киев, Запорожје, Харков и Дњепропетровск, како и во регионите Полтава, Хмелницки и Суми, кои, како што тврди руската страна, се под контрола на украинските вооружени сили.

CATEGORIES
Share This