ДЕНОТ ПОЧНУВА СОНЧЕВО Завршува со дожд и грмежи

Температурите ќе достигнат до 32 степени, а во повеќе делови од земјата се очекуваат грмежи и пороен дожд.

ДЕНОТ ПОЧНУВА СОНЧЕВО Завршува со дожд и грмежи
Фото: Национал

Времето денеска (01.06) ќе биде сончево со мала до умерена облачност и утринска температура до 9 а во текот на денот до 32 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне ќе има невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This