НЕ БРЗАМ Трамп со нова изјава за договорот со Иран

Тензии околу улогата на Оман во посредувањето меѓу САД и Иран.

НЕ БРЗАМ Трамп со нова изјава за договорот со Иран
Фото: Принтскрин

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп наводно ги заострил условите за можен договор за завршување на конфликтот со Иран и испратил изменет предлог до Техеран на разгледување, јавуваат неколку американски медиуми повикувајќи се на официјални извори.

Според истите извори, Трамп изразил загриженост околу одредби што би вклучувале одмрзнување на ирански средства, оценувајќи дека таквиот пристап би можел да биде премногу сличен на претходните договори, вклучително и нуклеарниот договор со Иран од времето на поранешниот претседател Барак Обама.

Во меѓувреме, извори за „Аксиос“ наведуваат дека Трамп инсистира договорот да биде постигнат во најкус можен рок, но со посилни гаранции, особено во делот што се однесува на иранската нуклеарна програма.

Одделно, „Фокс њуз“ известува за заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го дигне во воздух Оман доколку земјата од Персискиот Залив не се однесува правилно укажува на расправија со еден од најважните партнери на Вашингтон на Блискиот Исток околу улогата на Оман во регионалните посредувања, како и дискусиите поврзани со Хормутскиот теснец, стратешки важен воден пат низ кој поминува значаен дел од светската нафта. Според тие извештаи, САД изразиле противење на идеи за воведување нови механизми за управување или такси за пловидба, предупредувајќи дека тоа би можело да влијае врз слободата на морската навигација и балансот на влијание во регионот.

Истовремено пак, Трамп изјави дека е подготвен да заземе побавен пристап во преговорите со Иран, и покрај загриженоста околу економските последици од продолжувањето на конфликтот. Тој истакна дека брзањето во преговарачкиот процес може да ги намали шансите за постигнување поволен договор.

„Не брзам. Би сакал да оди побрзо, бидејќи, знаете, цените на бензинот би паднале, но ако брзате, нема да добиете добар договор“, изјави американскиот претседател за „Фокс њуз“, во емисијата „Мојот став со Лара Трамп“, чиј водител е сопругата на неговиот син Ерик.

CATEGORIES
Share This