АПЕЛ ОД ДОКТОР ИВАНОВСКИ Размислете за органодарителство
Пораки за хуманост упатени до сите граѓани и заедници, Целта е зголемување на бројот на донори и спасени животи.

Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, упати апел за зголемување на јавната свест за значењето на органодарителството. Неговото видео-обраќање е дел од националната кампања под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“.
Во обраќањето, д-р Ивановски нагласува дека во најтешките моменти, кога се губи близок човек, е важно да се донесе одлука за дарување на органи, со што може да се спасат животи на пациенти на кои тоа им е неопходно. Тој ја испраќа пораката како искрен апел до целата македонска јавност и сите етнички заедници.
Министерот за здравство, Азир Алиу, истакнува дека институциите имаат обврска да го развиваат системот, да ја зајакнуваат довербата и да создаваат култура во која органодарителството ќе се препознава како чин на солидарност, емпатија и највисок израз на почит кон човечкиот живот.
