ИСЛАНД ЈА СИМНА ШВАЈЦАРИЈА ОД ТРОНОТ Сега е најскапа земја во светот
Цените на живот повисоки за околу 3% од оние во Швајцарија.

Трошоците за живот во Исланд ја надминале Швајцарија, со што земјата повторно се наоѓа на врвот како најскапа во светот, покажуваат податоци на исландскиот синдикат Виска, базирани на информации од Евростат и Централната банка на Исланд.
Економистот од синдикатот, Вихјалмур Химарсон, наведува дека цените во Исланд се околу три проценти повисоки отколку во Швајцарија. Последен пат ваква состојба била забележана во 2018 година.
Според овие анализи, високите трошоци за живот повторно ја отвораат дебатата за финансиската пристапност во Исланд. Како главни причини се наведуваат високите плати, силната зависност од туризмот, скапите недвижности и големата зависност од увоз.
Проценките на синдикатот се засноваат на меѓународна споредба на цени на идентични производи и услуги во различни земји, при што е утврдено дека вкупниот ценовен ниво во Исланд е повисок од оној во Швајцарија, пренесува порталот НордискПост.
