ИРАН СЕ ПОВЛЕКУВА Падна голема изјава за „достоинствен мир“ во регионот
Иранскиот претседател испрати порака за подготвеност за мировна рамка и намалување на тензиите.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Исламската Република е подготвена да прифати „достоинствена рамка“ за завршување на војната и намалување на тензиите во регионот.
Според соопштение на претседателската прес-служба, деталите се однесуваат на телефонски разговор одржан во вторникот меѓу Пезешкијан и емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани. Во него, иранскиот претседател истакнал дека Техеран доследно покажува подготвеност и искреност за дијалог, пренесува Press TV.
Пезешкијан изразил благодарност за улогата на Катар во посредничките напори, посебно за ангажманот на емирот во мировниот процес. Од своја страна, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани ја повторил позицијата на Доха дека Катар ќе продолжи со напорите за унапредување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, како и со својата посредничка улога.
Во текстот се наведува дека тензиите ескалирале по напади на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, по што следувале жртви меѓу високи ирански функционери. Потоа, примирјето меѓу Техеран и Вашингтон стапило на сила 40 дена подоцна, со посредство на Пакистан, а во моментов се водат разговори за трајно завршување на конфликтот.
