ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Политички преглед на денот, петок 29 мај. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Единствена Македонија со услов, прифаќаме референдум за ЕУ, но, само со овие две прашања
Единствена Македонија внимателно ја следи дебатата со најновиот предлог на СДСМ за референдум за членство во ЕУ. А што може да се очекува од една партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални и државни интереси?
Единствена Македонија прифаќа нов референдум, но, само и единствено под услов со следните прашања:
- Дали сте за влез во Европската Унија на граѓани од територија Македонија?
2. Дали сте за влез во Европската Унија на Македонци од Македонија?
Според партијата, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните (член 15) дозволува гласање за повеќе прашања на посебно гласачко ливче.
Исто така се предлага, пред референдумот сите политички партии да се обврзат дека ќе го почитуваат референдумскиот резултат, а секое отстапување да се смета за национално предавство.
Според толкување на партијата, доколку гласачите се одлучат за првото прашање, тогаш било која идна власт добива народен легимитет да избрише се што е македонско и да ја внесе Макеоднија во ЕУ како територија без Македонци. Доколку пак, се одлучат за второто прашање тогаш и се одзема правото на било која идна власт да преговара за било што околу националниот карактер на Македонците кој е завршена работа за век и веков и веднаш ќе се информира Брисел дека Македонија бара членство во ЕУ само врз основа на критериумите од Копенхаген (јуни 1993 година) групирани во шест кластери и 35 поглавја, кои важеа за сите новопримени членки во ЕУ по растурањето на комунистичките/социјалистичките системи. И толку!
Единствена Македонија истакнува дека во ова тешко време за Македонија и Македонците прифаќаат уште една шанса за народот да одлучи без оглед што партијата и 83 македонски здруженија од земјата и странство здружени во Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ предводен од Единствена Македонија ја победи марионетската власт на Зоран Заев во Битката за референдумот поврзан со влез во ЕУ одржан на 30 септември 2018 година.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА – Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
