ШТО ПЛАНИРА ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА Мицкоски со нетрпение го чека самитот во Тиват

Премиерот вели дека Владата внимателно ги следи идеите за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската унија.

ШТО ПЛАНИРА ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА Мицкоски со нетрпение го чека самитот во Тиват
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата со интерес ги следи најавите за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската унија, иницијатива што ја промовира германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски потврди дека ќе присуствува на Самитот ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во Тиват на 4 и 5 јуни, каде што очекува да бидат претставени повеќе детали за новите концепти и предлози.

„Овие идеи ги слушаме веќе подолго време, но не би сакал да коментирам додека не станат официјални. Канцеларот Мерц вакви најави имаше уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон минатата година. Тогаш и посочив дека може да се очекуваат нови предлози и можности за регионот“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија е заинтересирана да дознае повеќе за иницијативата и дека по самитот во Тиват јавноста ќе има појасна слика за тоа што конкретно се предлага.

„Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Со нетрпение очекувам да ги слушнам овие концепти и идеи. Кога ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме и подетално да зборуваме во јавноста“, рече премиерот.

Мицкоски денеска присуствуваше и на отворање на нов трговски центар во Гевгелија.

CATEGORIES
TAGS
Share This