ТЕМПЕРАТУРИТЕ РАСТАТ Сончево со мала облачност во поголем дел од земјата
Повремено засилен северен ветер се очекува долж Повардарието.

Фото: Национал
Денеска (29.05) времете ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и температура од 6 до 30 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија
