НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ Во три месеци починале 1.962 лица повеќе отколку што се родиле

Негативен природен прираст е регистриран во дури 66 општини низ Македонија.

НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ Во три месеци починале 1.962 лица повеќе отколку што се родиле
Фото: Принтскрин

Негативниот природен прираст во Македонија продолжува и во првиот квартал од 2026 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според статистиката, природниот прираст изнесува -1.962, што значи дека бројот на починати лица е за 1.962 поголем од бројот на живородени деца.

Негативен природен прираст е регистриран во 66 општини низ државата.

Во првите три месеци од годинава се родени 3.380 деца, што претставува намалување од 4,1 процент во споредба со истиот период лани.

Истовремено, бројот на починати лица изнесува 5.342, односно е за еден процент помал во однос на првиот квартал од 2025 година. Меѓу починатите се евидентирани и девет доенчиња.

CATEGORIES
Share This