КРИСТАЛ ПАЛАС ИСПИША ИСТОРИЈА Прв европски трофеј по победата над Рајо Ваљекано

Англискиот клуб стигна до првиот голем европски трофеј по минимална победа во финалето на Конференциската лига.

КРИСТАЛ ПАЛАС ИСПИША ИСТОРИЈА Прв европски трофеј по победата над Рајо Ваљекано
Фото: Принтскрин

Во своето прво европско финале, екипата на Кристал Палас стигна до првиот голем трофеј во клупската историја. Вечерва, во финалето на Конференциската лига во Лајпциг, тимот на Оливер Гласнер славеше минимално со 1:0 против шпанскиот Рајо Ваљекано и испиша нова страница од својата историја.

Одлучувачкиот момент на натпреварот дојде на почетокот од второто полувреме, кога Жан-Филип Матета ја искористи одбиената топка во противничкиот шеснаесетник и ја затресе мрежата за водство од 1:0.

Во продолжението, англискиот тим пропушти најмалку уште две стопроцентни шанси за зголемување на предноста, по што следеше притисок од шпанската екипа, но без конкретен ефект во завршницата.

Со овој триумф, Кристал Палас се враќа од Лајпциг со голем европски трофеј, втор за англиските клубови оваа сезона, откако претходно Астон Вила ја освои Лигата на Европа, додека Арсенал ќе има можност да ја заокружи серијата со евентуален успех во Лигата на шампионите

CATEGORIES
Share This