ГОЛЕМ ТРАНСФЕР ВО НАЈАВА Обрадовиќ пред сензационален потег во Барселона

аталонците влегуваат во трка за еден од најголемите тренери во историјата на кошарката.

ГОЛЕМ ТРАНСФЕР ВО НАЈАВА Обрадовиќ пред сензационален потег во Барселона
Фото: Принтскрин

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ, по разделбата со Партизан, би можел да ја продолжи кариерата во Барселона.

Според каталонски новинари, популарниот „Жоц“ е блиску до договор со каталонскиот гигант и повторно би се вратил во шпанската кошарка, каде што остави силен печат. Обрадовиќ наводно веќе го забрзал процесот на одлучување за клубот што ќе го предводи следната сезона, а Барселона веќе му има доставено понуда.

Иако се споменуваше и можен кам-бек во Панатинаикос, заминувањето на Чави Пасквал во Дубаи ја отвори вратата Барселона да реагира и да се обиде да го донесе тренерот со девет европски титули, со цел да го смири незадоволството кај навивачите.

Паралелно, Евролигата наводно ќе бара значително поголеми инвестиции од клубовите, што се гледа и преку примерот на новиот шампион Олимпијакос, кој веднаш по титулата се засили со Монтеро и Милер-МекИнтајр.

Како потенцијални решенија за Барселона се споменуваат и Ибон Наваро од Уникаха и Василис Спанулис, поранешен тренер на Монако. Сепак, во фокусот сега е неочекуваната опција и 66-годишниот Обрадовиќ, тренер кој во текот на кариерата ја освојуваше Евролигата со Партизан, Хувентуд, Реал Мадрид, Панатинаикос (пет пати) и Фенербахче, и кој би можел да се обиде да стигне до нов триумф и со Барселона.

CATEGORIES
Share This