СДСМ ПРИФАТИ ЈАВНА ДЕБАТА, МИНИСТЕРКАТА НЕ СЕ ПОЈАВИ – Што навистина се случува
Политичките тензии се засилуваат по последните изјави на Филипче и реакциите од Министерството.

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска упати повик за средба на која, како што рече, „убаво ќе се објаснат работите“. Од СДСМ веднаш реагираа позитивно и ја прифатија поканата.
Во меѓувреме, пратеници од опозицијата ја повикаа министерката и во Собранието, но од СДСМ велат дека таа не се појавила.
Во своето соопштение, СДСМ истакнува дека инсистирале состанокот да биде јавен и отворен за медиумите, со цел пред граѓаните да се презентираат податоците за задолжувањето на државата, нивото на јавниот долг и новите кредитни аранжмани. Од партијата додаваат дека граѓаните заслужуваат транспарентност, реформи и отчетност.
Претходно, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека државниот буџет се наоѓа пред колапс.
Од партијата обвинуваат дека власта избегнува јавна дебата кога треба да одговара со конкретни факти и бројки.
„Граѓаните заслужуваат вистина, а не алиби и театар“, наведуваат од партијата.
