ТРАМП ГО ТРЕСЕ ПАЗАРОТ – Подготвува нови царини за Канада и Мексико
Американскиот трговски претставник најави можни нови царински мерки за партнерите во УСМКА.

Фото: Принтскрин
Американскиот трговски претставник Џејмисон Гриер изјави дека администрацијата на Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите во рамки на договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА).
Гриер посочи дека Вашингтон има нерешени трговски прашања со Канада и дека мерките се разгледуваат поради значителниот трговски дефицит.
„Ќе мора да воведеме царини додека постои овој голем трговски дефицит“, изјави тој на форум.
Гриер додава дека САД веќе воделе разговори со повеќе земји за можни царински мерки.
УСМКА е договор што го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА) од 1994 година, а Канада последна го ратификуваше во март 2020 година.
CATEGORIES Бизнис
