ВОЕНА НАПНАТОСТ Украина идентификува мети во Белорусија
Командантот на беспилотни системи со контроверзна изјава.

Украинската војска идентификувала околу 500 потенцијални цели на територијата на Белорусија, изјави Роберт Бровди, командант на украинските беспилотни системи, реагирајќи на, како што ги опиша, заканите од Минск.
Тој упати порака до белорускиот претседател Александар Лукашенко, предупредувајќи дека Белорусија не треба да се вклучува во дејствија против Украина.
Бровди коментираше и на изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој претходно зборуваше за можни „систематски напади“ врз цели во Киев.
Според него, дел од руските рафинерии за нафта веќе се надвор од функција по украински напади со беспилотни летала.
Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека започнале воени вежби со единици за распоредување нуклеарно оружје, во координација со руските сили.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, му наложил на Министерството за надворешни работи да подготви дополнителни дипломатски мерки кон Белорусија, со цел да се спречи нејзина улога како платформа за проширување на војната.
