НОВА ТУРА ОБВИНУВАЊА Жестоки обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Продлабочен јаз меѓу партиите околу патот кон Европската Унија.

НОВА ТУРА ОБВИНУВАЊА Жестоки обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Фото: Принтскрин

Венко Филипче и СДС се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Венко Филипче делува како специјален пратеник на Румен Радев во Македонија. Филипче е најгласен промотор на бугарските политики во Македонија и единствен кој бара внесување на бугарите во Уставот без гаранции дека тоа е последниот чекор за влез во ЕУ. Единствено Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев и покрај тоа што Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште додаваат дека државните и националните политики мора да бидат над политичките калкулации на СДС, на  Филипче и нивното криминално наследство.

Од друга страна, СДСМ во своите изјави нагласува дека евроинтеграцијата на Македонија е државен и национален приоритет. Посочуваат дека уставните измени, како дел од европскиот процес, треба да се гледаат во контекст на стратешката цел и членство во Европската Унија, а не како резултат на надворешни интереси.

СДСМ се залага за продолжување на европскиот пат на државата, спроведување на реформите и исполнување на критериумите за членство во ЕУ, нагласувајќи дека тоа е во интерес на граѓаните и долгорочниот развој на земјата.

Тие додаваат дека интеграцијата во Европската Унија претставува клучна државна цел и дека политичките разлики не треба да го забават процесот на евроинтеграции.

36 ГОДИНИ ПОДЕЛБИ Народот бара единство за националните интереси, за се друго нека има расправии

36 ГОДИНИ ПОДЕЛБИ Народот бара единство за националните интереси, за се друго нека има расправии

CATEGORIES
Share This