ЗЕЛЕНСКИ СО ЗАГРИЖУВАЧКА ИЗЈАВА ОД САМИТОТ НА 24 ЗЕМЈИ Белорусија е следната цел

Разговори со опозицијата на Белорусија предводена од Свјатлана Цикановскаја.

ЗЕЛЕНСКИ СО ЗАГРИЖУВАЧКА ИЗЈАВА ОД САМИТОТ НА 24 ЗЕМЈИ Белорусија е следната цел
Фото: Принтскрин

Денес во Киев се одржува самит на кој учествуваат 24 земји, претежно европски, при што претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека Русија се обидува подлабоко да ја вовлече Белорусија во војната против Украина.

На состанокот, како што наведе Зеленски на платформата X, биле претставени земји од регионот, меѓу кои Полска, Словачка, Унгарија, Молдавија, Романија и Белорусија.

Тој истакна дека учесниците ги поддржале аспирациите на белорускиот народ за ослободување од руското влијание, како и дека била изразена загриженост поради обидите на Москва за дополнително вклучување на Белорусија во конфликтот.

Зеленски додаде дека е изразена благодарност за секоја форма на белоруска поддршка за Украина, со порака дека во иднина треба да се воспостават добрососедски односи засновани на вистинска независност на Украина и Белорусија од Москва.

Тој исто така информираше дека овие прашања биле разгледани и со лидерот на белоруската опозиција, Свјатлана Цикановскаја и нејзиниот тим, кои престојуваат во Киев, нагласувајќи дека Украина никогаш не претставувала закана за Белорусија.

ЗЕЛЕНСКИ АЛАРМИРА – Се случува нешто опасно на границата со Белорусија

CATEGORIES
Share This