СОНЧЕВО ВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА Можни поројни дождови и грмежи попладне
Македонија под сонце и облаци, попладне можни грмежи и краткотраен дожд.

Фото: Национал
Времето денеска (26.05) ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температура во интервал од 7 до 31 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови со услови за појава на локално невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
T=31°C. P=987hPa. U=35%. V=2m/s.
CATEGORIES Македонија
