КРАЈ НА ЕДНА ЕРА Пеп Гвардиола и Бернардо Силва во солзи пред заминување
Десет години доминација, трофеи и историски успеси завршуваат на „Етихад“.

Во последното коло во Премиер лигата, најмногу внимание привлече дуелот меѓу Манчестер Сити и Астон Вила, кој за многумина претставува емотивно збогување со Пеп Гвардиола.
По цели десет години на клупата на „граѓаните“, шпанскиот стратег заминува од клубот, период во кој освои сè што можеше да се освои и го изгради еден од најдоминантните тимови во Европа.
Иако Манчестер Сити загуби со 2:1, резултатот остана во втор план на „Етихад“, бидејќи натпреварот беше последен за Гвардиола во Премиер лигата со овој тим. Тренерот неодамна потврди дека по завршувањето на сезоната си заминува од клубот.
Во еден момент, емоциите целосно го совладаа Гвардиола, кој не можеше да ги задржи солзите, а истото се случи и со Бернардо Силва, кој исто така го одигра својот последен меч за Сити.
Португалецот ја носеше капитенската лента оваа сезона и имаше значајна улога во стабилизирањето на тимот по падот на формата минатата година. Тој уште во јуни минатата година, за време на Светското клупско првенство, навести дека ова најверојатно ќе му биде последна сезона во клубот, иако тогаш немаше официјална потврда.
Силва помина девет години во дресот на Манчестер Сити, оставајќи силен белег во клубот.
