ДРАМА ВО ФИНАЛЕТО Олимпијакос од бездна до врв, падна Реал Мадрид

Олимпијакос се врати од двоцифрена негатива и го сврте мечот.

ДРАМА ВО ФИНАЛЕТО Олимпијакос од бездна до врв, падна Реал Мадрид
Фото: Принтскрин

Грчкиот кошаркарски клуб Олимпијакос ја освои титулата во Евролигата, откако во финалето на завршниот турнир во Атина го совлада Реал Мадрид со 92:85.

Во натпревар одигран пред полни трибини во салата на градскиот ривал Панатинаикос, повеќе од 15.000 навивачи на Олимпијакос имаа причина за славје, бидејќи нивниот тим стигна до трофејот по тешка и неизвесна битка. Во еден дел од мечот, грчкиот состав дури беше во негатива и со двоцифрена разлика.

Ова е четврта европска титула во историјата на Олимпијакос и прва по пауза од 13 години. Интересно е што и тогаш во финалето беше совладан токму Реал Мадрид, па овој триумф претставува и своевидна „реприза“ од таа историска победа. Дополнително, Грците му се реваншираа на шпанскиот гигант за поразот во полуфиналето пред три години во Каунас.

Со овој пораз, Реал Мадрид останува на 12 титули од вкупно 21 финале, а последниот трофеј го освои во 2018 година.

Најефикасен кај победниците беше Еван Фурние со 20 поени, додека Саша Везенков додаде 16. Кај Реал, најдобар беше Џабари Лајлс со 24 поени.

CATEGORIES
Share This