МИЦКОСКИ БЕЗ МИЛОСТ – Трпението е при крај, им дишеме во врат на недопирливите, правдата ќе стигне до сите
Од Охрид, Мицкоски испрати предупредување до оние кои мислат дека се недопирливи пред законот.

Премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија „Од слово до вечност“ во Света Софија испрати силна порака дека трпението за борбата против корупцијата е при крај, нагласувајќи дека и самиот не е задоволен од брзината со која се испорачува правдата.
Тој порача дека ги слуша реакциите и револтот на граѓаните, особено кон оние кои, како што рече, мислат дека се недопирливи и дека успеале да ја избегнат правдата. Мицкоски остро ги критикуваше и делови од обвинителството, оценувајќи дека премногу често се бараат изговори наместо конкретна акција.
Во говорот истакна дека нема да молчи кога институциите доцнат со постапување и кога предметите остануваат заглавени во фиоки, додавајќи дека неговата цел во политиката е воспоставување ред, правда и владеење на законите.
Премиерот нагласи дека Владата ќе продолжи со притисок врз сите кои, според него, се збогатувале на грбот на народот, оценувајќи дека ова е последна шанса актуелната генерација да создаде држава со вредности што ќе останат за иднината.
